Политика и услови на доставување на производите од аспект на рокови и начин на испорака
Оваа политика се однесува на достава на производи нарачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку сопствениот систем на достава на Биг Шоп за достава до адресата која е наведена во нарачката под следните услови:
Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува на целото подрачје на Град Скопје и на територија на Општина Велес. Минималниот износ за една нарачка изнесува 500 денари.
Достава на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект/фирма;
Нарачките направени секој ден по 18:00 часот ќе бидат доставени наредниот ден или во еден од слободните термини наведени на страната што ќе ги одбере самиот купувач.
При креирање на Вашата нарачка потребно е да одберете еден од слободните термини на достава (најраниот достапен термин е 60 минути по нарачката).
Термините за достава се распоредени од 10:00 до 21:00 часот од понеделник до сабота.
Биг Шоп го задржува правото да ги промени/продолжи термините за достава доколку се појават ситуции кои што Биг Шоп не би можел да ги предвиди и кои што отстапуваат од секојдневното тековно работење на Биг Шоп и тоа:
Производот што ќе биде порачан мора да се плати електронски со картичка;
Доставата на направената нарачка на територија на Град Скопје се наплаќа со минимален износ од 100 денари;
Доставата на направената нарачка на територија на Општина Велес се наплаќа со минимален износ од 50 денари;
Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на сметката;
Доставата на производите се врши секој работен ден од понеделник до сабота во периодот од 10:00 часот до 21:00 часот. Во недела нема да се врши достава.
За време на државни празници доставата е во термини кои ќе бидат определени од страна на Биг Шоп.
Биг Шоп не гарантира дека испораката ќе биде временски точна во следниве услови:
- Екстремно лоши временски услови,
- Состојба на елементарна непогода,
- Друга официјална криза на локално или државно ниво.
Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на купувачот во период кој самиот купувач го одбрал за време на достава на производите;
Доколку при испорака на нарачката во зградата нема лифт или истиот нѐ е во употреба, нарачката ќе Ви биде доставена до влезната врата на зградата;
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на оваа Политика за достава за производи;
При подготвување на нарачката може да се случи некои производи во моментот да не бидат достапни во нашиот пункт за подготовка на нарачки и според тоа да не можат да бидат испорачани.
Во случај кога некој производ не е достапен за нарачка, ќе бидете телефонски исконтактирани од страна на нашиот тим за подготовка на нарачките и ќе ви биде понудена опцијата за нарачка на заменски производ со слична цена како избраниот производ.
Опцијата за избирање на заменски производи, доколку саканите производи не се достапни за нарачка, се наоѓа во делот „Преглед на вашата нарачка“, каде може да означите дека се сложувате да добиете заменски производ со слична цена со штиклирање на полето.
Производите се испорачуваат со добар квалитет и рок на траење, гаранција (доколку производот има гаранција), испратница и фактура или фискална сметка за извршеното плаќање;
Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани од нашиот персонал во соодветни кеси за да истите не бидат оштетени за време на транспортот.
Каде се врши доставата и на кој начин?
При нарачката можете да одберете часовен термин за кој сте сигурни дека Вие или некој друг ќе биде присутен за да ја прими нарачката;
Непосредно пред извршувањето на доставата ќе добиете повик од нас за да Ве информираме за предвиденото време на достава;
Доколку при време на испорака за дадениот термин не одговoрите на телефонот што сами го имате оставено како контакт, го губите правото за испорака во истиот даден термин и ќе бидете контактиран од наша страна во текот на истиот ден за одбирање на нов термин при што цената на доставата се зголемува за 50% од постоечката (+ 50 денари);
Биг Шоп не гарантира дека следниот слободен термин ќе биде во истиот ден;
Доколку не ни одговорите на овој повик, имате право и рок до 21 часот во тековниот ден да ни се јавите на +3892 3169 169 како би се договориле за друг термин за достава на нарачката, при што цената на доставатa се зголемува за 50% од постоечката ( + 50 денари);
Доколку не одговорите во тековниот ден до 21 часот, тогаш Вашата нарачката ќе биде откажана, при што ќе Ви бидат рефундирани 80% од сумата која што ја имате исплатено.
Сите измени поврзани со испораката ќе бидат јавно објавени преку измена на Правила за достава.
Враќање/ рекламација на производи
Секој купувач е должен при испорака на производите да направи проверка за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува;
Во случај кога на потрошувачот му се испорачани производи кои не се нарачани или производи на кои им е истечен рокот на употреба, или доколку купил производи со недостаток или оштетувања кои настанале при транспортот, купувачот има право на рекламација и истиот е должен да укаже на оправдана рекламација на Биг Шоп на телефон +3892 3169 169 или на info@bigshop.mk, contact@bigshop.mk.
Купувачот е потребно да ја пријави рекламацијата веднаш;
Ако во моментот на поднесувањето на барањето за рекламација од потрошувачот, Биг Шоп нема соодветен производ (производ што ќе одговара на неговите потреби), потрошувачот има право да бара нов призвод кој што ќе одговара на неговите потреби или да бара враќање на платениот паричен износ за тој производ.
Биг Шоп не одговара и не заменува производи по приемот на нарачката, доколку производот не е во оригиналното пакување или е употребуван.
Средствата ќе бидат вратени на истата банкарска сметка која била искористена при плаќањето.
Биг Шоп има резервирано право да ја менува политиката за враќање на производи. Сите ревизии или промени ќе стапат во сила веднаш со нивното објавување на веб страницата bigshop.mk.
Ви препорачуваме при секоја посета на веб страницата да ги погледнете објавените измени од политиката за враќање.
Забранета e продажба на алкохолни пијалаци и цигари на лица со возраст под 18 години и на енергетски пијалаци на лица со возраст под 14 години.
Правила и услови доколку се откаже нарачката
Во случај да ја откажете нарачката, Биг Шоп има право, да задржи од веќе платениот износ на име провизија за преземени дејствија по извршена нарачка во зависност од фазата во која сте ја откажале нарачката и тоа:
Фаза
- Откажана нарачка кој не е во процес на подготовка – 5% провизија
- Откажана нарачка која е подготвена, но не е подигната од маркетот – 10% провизија
- Откажана нарачка која е подигната од маркетот, но не е пристигната на локацијата – 15% провизија
- Откажана нарачка на самата локација – 20% провизија