Празникот на Прчот Марио Варгас Љоса
500.00ден
Уранија Кабрал, успешна адвокатка што живее во Њујорк, се враќа во својата родна Доминиканска Република по многу години. Повторната средба со својот татко и со своите роднини ја враќа во 1961 година, кога земјата живее под тупаницата на диктаторот Трухиљо – семоќниот господар на нацијата, кој ги смета земјата и нејзините граѓани речиси како своја сопственост. Но, тој се наоѓа во најкритичниот период од неговото владеење – од сите страни е притиснат да ја демократизира земјата, а зад неговиот грб заговорници спремаат крвав пуч. Таткото на Уранија е еден од првите луѓе на режимот, нешто на што таа сега се навраќа како на стравичен кошмар.
Романот „Празникот на Прчот“ се вбројува меѓу најдобрите во опусот на перуанскиот писател Марио Варгас Љоса, а се смета и за неизбежно дело во поновата латиноамериканска книжевност. Во оваа мешавина од историски факти и фиктивна трилер-драма, претставена преку три наративни нишки, Љоса обработува теми како моќта, сексуалноста и меморијата.