Сет Вино La Familia 0.75л Cuvée White + Cuvée Red
450.00ден
Бело вино со контролирано потекло создадено од сортите на грозје Ризлинг и Шардоне со нежна златна боја со зеленкасти нијанси. Се одликува со свежи и интензивни ароми на банана, круша, праска и лимон, со добро избалансирана киселост и долготраен вкус. Берба 2019 година. Се служи на температура од од 8°C до 10°C Најдобро оди во комбинација со храна: зелени салати, тестенини и пилешко со бел сос, секаков вид сирења. Содржина на алкохол: 12.5%
Црвено вино со географска ознака создадено од сортите на грозје Вранец, Каберне Совињон и Пино Ноар, со длабока рубин црвена боја. Се одликува со ароми на црни и црвени плодови, со меки изразени танини, добра структура и долг послевкус. Се служи на температура од 18°C до 20°C Најдобро оди во комбинација со свинско и пилешко месо, печурки. Содржина на алкохол: 14.3%