Вино Kamnik 0.75л Merlot Single Vineyard
1.619.00ден
Суво црвено вино произведено 100% од внимателно избрани гроздови од сортата Merlot од сопствените насади на винаријата Камник. Oва вино се одликува со длабока рубин црвена боја со виолетова нијанса. Мирис кој открива овошно-зачински тонови, со доминантна арома на ситнозрнесто црно и црвено овошје, надополнетa со ноти на ванила и кафе. Виното има полн и елегантен вкус кој изобилува со меки и интегрирани танини, а долготрајниот и постојан послевкус се карактеризира со сладок корен и чоколада. Виното има капацитет за повеќегодишно одлежување во шише. Oва вино совршено се комбинира со специјалиети од месо, особено со дивеч со додаток на разни пикантни сосови, како и со разни видови на сирења. Препорачанa температура за конзумирање: 15-18°С. Содржина на алкохол: 15.7%