ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Пазарењето на нашата online продавница се врши исклучиво преку веб страницата на Big Shop (bigshop.mk). Процесот е многу лесен и едноставен, само внимателно следете ги следните чекори:
1. Одберете ги саканите производи со додавање во кошничката.
2. Селектирајте термин кој Вам најмногу Ви одговара (за достава или за подигнување).
3. Внесете ги своите податоци каде би сакале да Ви биде испорачана нарачката или внесете само Ваши основни податоци и телефонски број за контакт, доколку сакате нарачката да ја подигнете од маркет.
4. Останува само да ја потврдите нарачката со плаќање. Плаќањето мора да биде извршено со внесување на податоци од валидна картичка, независно од која банка. Откако ќе ги внесете податоците, кликнете „ПОДНЕСИ“ и причекајте да добиете СМС порака со код за верификација.
5. Доколку плаќањето е успешно, ќе бидете вратени на веб страницата каде што имате опција за спуштање на Вашата фактура.
6. Очекувајте ја својата нарачка заедно со пријатни изненадувања во избраниот термин.
Плаќањето е целосно безбедно и заштитено со SSL (Secure Sockets Layer) и Kaspersky.
НАПОМЕНА: За нарачката да биде валидна, мора да се плати онлајн!
ПОМОШ ПРИ КРЕИРАЊЕ КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ
За да пазарувате во bigshop.mk не е задолжително да имате кориснички профил.
Меѓутоа, Ве охрабруваме и Ви препорачуваме да креирате Ваш кориснички профил, затоа што ние за нашите верни корисници секогаш имаме подготвено специјални попусти, акции и многу други изненадувања.
За да креирате Ваш кориснички профил, најнапред кликнете на полето МОЈ ПРОФИЛ и потоа на полето РЕГИСТРИРАЈ СЕ.
Потоа, ќе Ви се отвори страница каде што треба да ги внесете Вашите основни податоци, адреса на живеење и контакт телефон.
Пополнете ги сите задолжителни полиња и потврдете ја регистрацијата.
Со овие чекори, Вие успешно го креиравте Вашиот личен Кориснички профил. Купувајте и очекувајте ги нашите изненадувања специјално подготвени за Вас!