Често поставувани прашања

Изберете ги саканите производи и потребната количина и кликнете „Додај во кошничка“. Откако ќе завршите со нарачката одете до кошничката и кликнете го копчето за наплата.

За жал, штом нарачката ќе биде потврдена и ќе бидат резервирани средства од платежната картичка на корисникот истата не може да се менува т.е не може да се додаваат или одземаат производи.

Не, нарачките се прават само онлајн. Секако, доколку имате проблем со нарачката, нашата служба за Грижа на корисници ќе направи сè што може за да Ви го олесни купувањето. Јавете се на нашиот контакт телефон 02 3169 169 или пишете ни на нашата контакт e-mail адреса.

Работното време на Грижата на корисници на Биг Шоп почнува од 08:00 до 19:00 секој ден во текот на работната недела. Се трудиме да одговараме на сите пораки во текот на 24 часа. Се извинуваме доколку сè уште немате добиено одговор, ќе Ви одговориме најбрзо што можеме.

Да, можете да купите производ за друго лице или на подарок и да ги наведете податоците и адресата за лицето што ќе ја прими нарачката со дополнителна забелешка доколку станува збор за подарок.

Потврдете ја нарачката во делот „Потврди нарачка“, изберете населба, термин и ден за испорака.
По уплатата на нарачката, средствата се одземаат од Вашата сметка и се резервираат, но се уште не се врши конечна наплата на нарачката.

Можете да купувате со сите кредитни и дебитни платежни картички од било која банка (Visa, Master Card, Maestro). Со Маестро картичка издадена од домашна банка ќе можете да купувате во зависност од тоа дали банката ја одобрила нејзината Маестро Картичка. Поради отсуството на CVC//CVV безбедносниот код кој се наоѓа на задната страна на картичката, не сите домашни банки ги имаат одобрено. Доколку имате дополнителни прашања контактирајте ја Вашата банка за подетални информации.

–        Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка.

–        Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.

–        Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.

Доколку сè од наведено сте провериле и понатаму не можете да ја реализирате Вашата нарачка, проблемот е веројатно од техничка природа од страна на банката, па затоа Ве замолуваме да не известите на info@bigshop.mk со цел да го решиме проблемот во најбрз можен рок.

Сите нарачки од bigshop.mk може да се платат со платежна картичка при потврда на нарачката. Засега, не постои можност за плаќање во готово по преземање на нарачката на врата.

Доколку Вашата трансакција нè била успешна нема да Ви биде наплатено ништо.
Доколку сте сигурни дека трансакцијата била успешна, а потврдата за нарачката не можете да ја најдете Ве молиме контактирајте нè на 02 3169 169 или на info@bigshop.mkcontact@bigshop.mk.

Ако Ви се појави порака дека плаќањето е неуспешно, односно не може да се реализира трансакцијата, најпрво проверете дали успешно и точно сте ги пополниле сите празни полиња со податоците за плаќањето, дали е сè во ред со Вашата картичка, проверeте ја важноста на картичката и дали имате доволно средства за да се изврши купувањето. Ако Вашите податоци се успешно внесени и сè е во ред со Вашата платежна картичка, тогаш најверојатно проблемот е технички. Контактирајте нè на 02 3169 169 за да можеме да ја провериме трансакцијата и да го решиме проблемот.

За да може да се изврши наплата од Вашата платежна картичка потребно е да ги внесете сите податоци кои се бараат во полето за наплата: бројот на картичката без празен простор помеѓу броевите, датумот до кога важи картичката, CVC/CVV кодот кој се наоѓа на задната страна на картичката.

За жал не, принципот на плаќање во нашата продавница е само преку електронски пат со платежна картичка.

Секоја трансакција на bigshop.mk со платежна картичка се одвива преку сигурносниот систем на Халк Банка. Податоците кои ги внесувате при плаќањето од Вашата платежна картичка нè се зачувуваат или пренесувваат преку нашите сервери. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Халк Банка. Во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија и за нас нè се видливи.

Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува на целото подрачје на град Скопје и Велес.

Нарачката се подготвува и се доставува до Вашата локација во избраниот термин за достава. При испораката до врата се прави потврда на нарачката и со овој чекор, нарачката конечно се смета за наплатена.

Кога успешно ќе се изврши трансакцијата во нашиот систем автоматски се проследува Вашата нарачка. Нарачката ќе биде соодветно спакувана, со највисоки стандарди и сортирана според содржината на производот која се предава на доставувачот кој ја испорачува според податоците наведени за доставување на пратката. Доставата во Скопје ја вршиме со наши сопствени возила. Доставата на производите во Скопје се врши во рок од 2 часа од моментот на потврда на примената нарачка.

Да. Доплатата изнесува 100 денари односно 120 денари доколку сакате нарачката да ви биде доставена до самата врата на вашето живеалиште.

Со избирањето на термин за достава нè се дефинира точното време на испорака на нарачката, туку се утврдува временската рамка во која нарачката треба да биде доставена. Тоа значи дека, доколку на пример, сте го одбрале утринскиот термин за достава во Скопје (10:00-13:00 часот), нарачката ќе Ви биде доставена во овој временски период.
Пред нарачката да биде доставена, корисникот телефонски се известува за планираното време за достава на неговата нарачка и се прават промени на времето на достава, по желба на корисникот и во согласност со можностите на службата за достава.

По уплатата на нарачката, средствата се одземаат од сметката на корисникот и се резервираат, но се уште не се врши целосна наплата на нарачката.
Доколку има разлика помеѓу износот на нарачаните производи и износот на доставените производи или нарачката е откажана поради било која причина, парите се враќаат на сметка на корисникот од страна на Банката. Овој процес трае еден до три работни денови зависно од Банката издавач на платежната картичка.

За сите отстапувања од договорениот термин за достава ќе бидете навремено информирани од нашиот тим.
Доколку вашата нарачка не е доставена во избраниот термин и не сте биле претходно известени за доцнењето, можете да се јавите во контакт центарот 02 3169 169 за да Ве поврзат со одговорните лица од службата за достава кои ќе Ви дадат подетални информации за времето на испорака.

За сите пофалби, поплаки и прашања може да се обратите во контакт центарот на телефон 02 3169 169 или на info@bigshop.mkcontact@bigshop.mk. Контакт ценарот работи од понеделник до сабота од 08:00-21:00 часот.
Контакт центарот на дневно ниво доставува извештај за сите пофалби, поплаки и прашања кои биле добиени претходниот ден до одговорните лица за интернет продавницата, а тие ги разгледуваат сите и одговараат соодветно на истите според потребите.

Секој купувач е должен при испорака на производите да направи проверка за евентуални оштетувања при транспорт, а доколку е поголема пратка да провери дали некој производ недостасува;

Купувачот е потребно да ја пријави рекламацијата веднаш. Доколку од било која причина производот што сте го добиле е оштетен, истиот ќе биде заменет во најбрз можен рок само под условите пропишани во Законот за заштита на купувачите.