Добре дојдовте во BIG shop
BIG shop е производ на глобалните трендови во е-трговијата, дизајнот, пристапноста и user-friendly платформата – лесна за употреба за корисниците. BIG shop е резултат и на логичниот развој на деловната стратегија на Жито Маркети, компанија којашто постојано го чувствува пулсот и потребите на потрошувачите, приспособувајќи се на новите технологии и начини на продажба.
Во суштина, BIG shop е алката којашто недоставуваше во македонската е-трговија, со најширок можен портфолио на стоки за широка потрошувачка од FMSG секторот, модерно конципирана и со функционалности во традициите на најдобрите светски онлајн продавници.
Потрошувачот има можност директно да купува производи преку интернет, користејќи веб пребарувач, а наскоро тоа ќе биде овозможено и преку мобилна апликација. Амбициозниот млад и посветен тим цели кон современи решенија за секој проблем и за секоја идеја. Во нашиот тим, зборот “проблем” се преведува како “предизвик”.
Професионалната достава на производите и грижата кон купувачите е една од нашите примарни цели. BIG shop гради стабилна платформа за уникатна достава, која ќе биде беспрекорно организирана и супериорна, а се ставаме на располагање да помогнеме и на останатите онлајн продавници коишто имаат проблеми со доставата.
Веќе развиваме обемна лојална програма за купувачите, која ќе им понуди дополнителни вредности и услуги, како и придобивки за потрошувачкиот буџет и економично пазарење. Лојалната програма за нашите ценети клиенти, ќе биде срцевината на BIG shop.
BIG shop | It’s called BIG for a reason!
МИСИЈА
Нашата мисија е да им обезбедиме на нашите клиенти најпрофесионална, брза, сигурна и технолошки напредно онлајн купување на производи и достава. Ние постоиме за да развиеме одлични односи со нашите клиенти и да им обезбедиме највисоко ниво на услуга, доверливо и ефикасно.
ЦЕЛ
Наша цел е да ги доближиме купувачите до модерниот начин на живот, да им обезбедиме уживање во онлајн купувањето, да ја почуствуваат грижата која им ја нудиме, вредноста на времето, професионалниот и грижлив однос, брза и навремена достава и, секако, поволноста да добиваат повеќе вредност, за помалку пари.