Како функционира bigshop.mk?

BIG shop е производ на глобалните трендови во е-трговијата, во апликативниот дизајн, во пристапноста и платформата лесна за употреба за корисниците. Наша цел е да ја амортизираме за Вас динамиката од модерниот начин на живот, да Ви обезбедиме уживање во онлајн купувањето, да ја почуствувате грижата која Ви ја нудиме, да ја нагласиме вредноста на времето, да ја потенцираме професионалноста и грижливиот однос, да овозможиме брза и навремена достава… И, секако, поволноста да добивате повеќе вредност за помалку пари.

Нашата онлајн продавница Ви овозможува избор на повеќе од 6.000 производи достапни за достава во термин кој Вам најмногу Ви одговара. Процесот е многу лесен и едноставен, само внимателно следете ги следните чекори:

Одберете производи

Производите се купуваат по електронски пат, со селектирање на одреден производ и додавање во потрошувачката кошничка. Внесете ги своите податоци и адресата за испорака на Вашата нарачка за достава.

Доколку сакате, Вашата нарачка можете да ја подигнете и од маркет.

Термин на достава

Одберете еден од слободните термини на достава.

Термините за достава се распоредени од 10:00 до 21:00 часот, од понеделник до сабота.

Плаќање на нарачката

Последниот чекор е само да ја потврдите Вашата нарачка со плаќање. Плаќањето мора да биде извршено со внесување на податоците од Вашата платежна картичка, независно од која банка. Откако ќе ги внесете податоците, кликнете „ПОДНЕСИ“ и  ќе добиете СМС порака со код за верификација. Информациите во процесот се процесираат преку HTTPS безбедносниот протокол на банката, со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија.

Достава до Вашиот дом

Нарачаните производи ќе бидат внимателно одбрани и соодветно спакувани, со највисоки стандарди, сортирани според категоријата и содржината на производот.

Доставата на производите се врши до вратата на купувачот или до влезот на станбениот објект / компанија.