Виски The Macallan 12y.o 0.7л
4.505.00ден
Вискито The Macallan е основан во 1824 година во Шкотска. Макалан ги користи најдобрите буриња од шери и бурбон од американски и европски даб за да го задржи својот дух.Macallan го користи само најдобриот дел од дестилатот – само 16% од дестилатот паѓа во бурињата за стареење со што овој дестилат се влева во дабови буриња во кои претходно е чувано шери вино.Ова е главна причина за полниот богат вкус на Macallan.Богатата палета на бои на The Macallan вискито се добива само од созревањето во веќе споменатите врвни дабови буриња.Master blender-от и неговиот тим пробуваат илјадници примероци секоја година за да го зачуваат и направат уникатното The Macallan виски познато низ целиот свет.Macallan се издвојува и по тоа што единствено тој се произведува од една врста на јачмен која е во сопственост на самата дестилерија, односно се одгледува на Macallan полињата со строго контролиран процес.