Рецепти

Чискејк рецепт

Време е за брза вкусна торта која не се пече. Популарната торта нека биде дел и од вашата кујна во овие пролетни денови, со шолја топло кафе или свежо сокче за најмалите. Само штом се спомне чизкејк се знае што следи- насмевки и нетрпение, а во продолжение следи и рецепт за ова слатко задоволство.

Потребни состојки:

За пандишпан:

300гр мелени Plazma бисквити
2 кафени лажички шеќер
7 кафени лажички путер (топен на ниска температура)

За фил:
450гр крем сирење
250гр шеќер
500мл кисела павлака
2 израмнети лажички екстракт од ванила
1 кесичка желатин

За прелив:
400гр микс шумско овошје
100мл вода
4 кафени лажички шеќер
1 кесичка желатин

Подготовка:

Во голем сад направете ја смесата за пандишпан- бисквити, шеќер, кафеав шеќер и путер. Внимавателно ставајте ги состојките, притоа обрнете посебно внимание со мешањето, пред да додадете нова состојка, исклучете го миксерот или престанете со мешање (доколку мешате со рачна мешалка). Проверете дали е добро измешано со вилушка. Истурете ја смесата пропорционално во тава од *23см и оставете ја на страна.

За подготовка на филот, задолжително користете миксер. Во голем сад ставете го крем сирењето и мешајте додека не стане течно и кремасто. Потоа, додадете шеќер, кисела павлака и екстрактот од ванила и повторно мешајте додека не стане течно. Често проверувајте ги долните делови на садот, за да може сите состојки да се соединат правилно. Откако смесата ќе се соедини, додадете го желатинот и повторно мешајте. Кога се убаво ќе биде соединето, прелијте го филот врз пандишпанот.

Во сад за готвење додадете ги водата, шеќерот и овошјето. Гответе на средна температура околу 5 минути и потоа тргнете го садот од шпоретот, па додадете го желатинот во врелата смеса за да се растопи. Оставете да се излади, па полека прелијте го врз филот.

Оставете ја тортата да се излади во фрижидер, барем 6 часа.

Препорачуваме да се служи со цеден сок од свежи портокали и топло кафе.

Добар апетит!

 

*Сите состојки можете да ги најдете на нашата online продавница. Уживајте во пролетта на балкон или во дворче, а ние ќе се погрижиме сите состојки да пристигнат во вашиот дом.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *