Прекрасна катастрофа Џејми Мекгваер

Прекрасна катастрофа Џејми Мекгваер

Аби Абернати е добра и пристојна девојка. Запишувајќи се на факултет во друг град, заедно со својата најдобра другарка, верува дека сеништата од мрачното минато ги оставила зад себе. Но набрзо сфаќа дека новиот почеток не е толку едноставен колку што очекувала.

Згодниот Тревис Медокс е токму од оној тип на момци што таа сака по секоја цена да ги одбегне. Зашто премногу ја потсетува на татко ѝ и на мрачното и опасно минато. Тој ноќе заработува борејќи се, а прекуден заведува девојки. Заскокоткан од нејзиното одбивање, Тревис ја наговара да се обложат ‒ доколку тој изгуби, ќе мора да се откаже еден месец од заведувањето, а доколку таа изгуби, ќе мора да живее исто толку време во неговиот стан. Меѓутоа Тревис не е ни свесен дека ја нашол сродната душа.

Види повеќе

Намести си го креветот Вилијам Х. Мекрејвен

Намести си го креветот Вилијам Х. Мекрејвен

Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.

Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.

Види повеќе

Моќта на самодовербата Брајан Трејси

Моќта на самодовербата Брајан Трејси

Моќта на самодовербата е неверојатна книга што ви дава бесценети совети и конкретни насоки за себеразвивање преку зацврстување на самодовербата. На тој начин, таа ви ја отвора вратата кон еден поисполнет и порадосен живот. Брајан Трејси, најпознатиот светски гуру за мотивација и продажба, несебично споделува со нас повеќе практично докажани техники за развивање на самодовербата, која е клучна за постигнување на успех и среќа.

Самодовербата е способност да се осмелите да ги преземете потребните ризици без гаранција дека ќе успеете. Добрата работа е што и таа, како и секоја друга особина или вештина, може да се развива преку редовни вежби за развој во секоја област од животот.

Види повеќе

Лидер без титула Робин Шарма

Лидер без титула Робин Шарма

Повеќе од петнаесет години најуспешните компании и најбогатите луѓе на светот ја применуваат формулата на Робин Шарма – еден од најбараните гуруа на денешнината. Оваа формула сега ви е достапна и вам, преку вдахновените пораки за тајните на успехот и личната среќа. Книгата Лидер без титула ќе ве научи:

-Да бидете исклучителни во својата работа, без оглед на функцијата што ја имате

-Да ја искористите секоја шанса во тешките времиња

-Да изградите одличен тим и да станете продавач број 1

-Да ги совладате тактиките за ментална стабилност и физичка снага

-Да се изборите со стресот, да размислувате позитивно, да ослободите енергија и да постигнете хармоничен живот

Без оглед на позицијата што ја заземате во компанијата и на моменталните околности во својот приватен живот, не заборавајте дека поседувате моќ да станете лидер. Оваа книга ќе ве научи како да ја стекнете оваа моќ и да го измените не само својот живот туку и светот околу вас.Дајте го својот максимум!

„Од калуѓерот што го продаде ферарито до лидер без титула, Робин Шарма нè води по вистинскиот пат. Врзете се и уживајте во возењето“.Кевин Робертс, Сачи & Сачи

„Робин Шарма има ретка дарба да пишува книги што вистински им го менуваат животот на луѓето“.Ричард Карлсон

„Лидер без титула е книга што ќе ви го измени животот. Прочитајте ја и подгответе се за неверојатна промена“.Њујорк тајмс

Види повеќе

Среќните луѓе читаат и пијат кафе Ањес Мартен-Лиган

Среќните луѓе читаат и пијат кафе Ањес Мартен-Лиган

Сопруга, мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз, се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце, кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените, таа повеќе не знае како да живее…

По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?

„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“ Ле паризјен

Види повеќе

Клубот 5 наутро Робин Шарма

Клубот 5 наутро Робин Шарма

Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:

– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.

– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.

– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.

– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.

Види повеќе

Будење на свеста Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

Будење на свеста Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ

„Будење на свеста“ е патување во потрага по вистината, и тоа не која било вистина, туку вашата лична вистина. Личната духовна трансформација ни дава можност да ги препознаеме и освестиме нашите парадигми, верувања и вредности. Оваа книга е авантура која е испреплетена со универзални знаења, кои ќе ви овозможат вистински да се спознаете себеси, да се разбудите и свесно да создавате.

Сите ние имаме одредена мисија, и доколку сите би ја извршувале со љубов и радост, тогаш светот ќе биде едно прекрасно место за живеење и работење, во кое секој поединец вдахновен од сопствената извонредност ќе даде придонес кон сеопштото сочувство, мир и љубов. Затоа е исклучително важно да ѝ веруваме на својата интуиција и да го следиме своето срце. И тогаш ќе ја видиме посакуваната промена во светот. Веруваме дека ова е начинот на кој се случува еволуција на свеста.

Индивидуалната свест е дел од колективната свест. Кога мал, но значаен дел индивидуалци ќе преминат на ново ниво на свест и ќе го променат начинот на однесување, таа промена се случува и на колективно ниво. Бидејќи светот е нашето огледало, тој се менува заедно со нашата сопствена промена.

Види повеќе

Сапиенс Јувал Ноа Харари

Сапиенс Јувал Ноа Харари

Сапиенс е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.

Во Сапиенс д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

Види повеќе

Говорот на телото Алан и Барбара Пиз

Говорот на телото Алан и Барбара Пиз

„Говорот на телото“ од меѓународно признатите стручњаци за меѓучовечките односи Алан и Барбара Пиз открива дека она што луѓето го зборуваат често се разликува од она што го мислат или чувствуваат.

Од оваа стручна и забавна книга можете да ги дознаете тајните на говорот на телото и да ги читате мислите на другите преку нивните гестови. Да дознаете како да бидете пријатни, како да стекнете повеќе самодоверба и како да ја контролирате секоја ситуација. Да ги откриете техниките кои ќе ви покажат како да ги толкувате гестовите и како да ги читате неизговорените мисли и емоции – и да извлечете правилни заклучоци.

Види повеќе

Разговори со Бога Нил Доналд Волш

Разговори со Бога Нил Доналд Волш

Во еден тежок период од својот живот, Волш напишал луто писмо до Бога, прашувајќи го зошто животот му е неуспешен на сите полиња. И потоа слушнал глас: „Дали навистина сакаш одговор на сите овие прашања?“ Волш почувствувал дека одговорите му проблеснуваат во свеста и одлучил да ги запише. Дијалогот што следувал е книгата што ја држите в раце.

Таа дава одговори на прашањата што сите ние си ги поставуваме: за животот и љубовта, меѓучовечките односи, доброто и злото, вината и гревот, простувањето и спасението, рајот и пеколот… Отворено зборува за моќта, парите, сексот, децата, бракот, разводот, здравјето, животното дело, иднината, минатото, сегашноста… Ги истражува војната и мирот, земањето и давањето, видливото и невидливото, вистината и лагата, конкретното и апстрактното…

Понекогаш се појавува книга чија длабока мудрост од корен ќе ве смени. Разговори со Бога од Нил Доналд Волш е токму таква книга. Ќе ви помогне да се сетите кои сте навистина, зошто сте тука и која е повозвишената цел на животот. Ќе ви овозможи длабоко духовно будење и ќе го означи почетокот на едно посебно патување за духовен развој и проширување на свеста.

Види повеќе