Рецепти

Макарони со болоњезе сос

Состојки:
• 500гр макарони
• 500гр мелено месо
• 1 поголем кромид
• 2 моркова
• 3 чешниња лук
• Магдонос по желба
• Куркума
• Црн бибер
• Мајчина душица
• Сол
• Кашкавал
• Доматно пире

ПОДГОТОВКА
Во посебно тенџере се варат макароните. Во друг сад се пропржува ситно сецканиот кромид, лук и ренданите моркови.
Откако кромидот ќе добие кристална боја се додава меленото месо.
Кога месото ќе биде испржено се додаваат сите зачини.
Послужување: во рамен сад се ставаат 2 црпалки макарони. Врз нив се нанесува месото.
Месото го прелеваме со доматно пире. Декорираме со кашкавал по вкус.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *